Родителите на Тоше Проески: Тагата по нашиот син со секој ден е сè поголема


Тој ги изгуби животот во сообраќајна несрека во 2007 а неговите родители, Домника и Никола Проески сеуште не можат да поверуваат дека нивниот син го нема.tose manastir2

– Тагата за нашиот син секој ден е се поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, особено не во овие тешки моменти, изјавиле за српски Курир неговите родители.

Андреј Николоски, роднина на Тоше и директор на фондацијата Тоше Проески, вели дека е се спремно за утрешниот помен за Тоше.tose4

Во четврток во 6 часот и 20 минути наутро, баш во моментот кога настрада Тоше, ќе биде поменот на неговиот гроб. Ги очекуваме 16-те маратонци кои пред некој ден тргнаа од Градишка за да стасаат до неговата вечна куќа.

После тоа во спомен домот на Тоше планирана е културно уметничка програма. Во Македонија веќе пристигнаа фанови на мега ѕвездата од Србија, Хрватска и Словенија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1