Убијците на Аркан се жалат во Стразбур


Адвокатите на Добросав Гавриќ, Милан Ѓуриќ Мики и Драган Николиќ Гаги поднесоа жалба до Судот за човекови права во Стразбур.

Не се задоволни, имало бројни пропусти во судската постапка во Србија, кога обвинетите беа осудени на повеќедецениски казни затвор поради убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан, Драган Гариќ и Миленко Мандиќ, на 15 јануари 2000 година во Белград. Адвокатите бараат укинување на пресудата, а бидејќи Уставниот суд на Србија им ги одбил жалбите, единствено што им преостанува е да се обратат на Меѓународниот суд за човекови права.
Засега само Драган Николиќ Гаги издржува казна затвор во „Забела“. Добросав Гавриќ се наоѓа во екстрадициски притвор во Јужноафриканската Република,  Ѓуриќ и натаму е во бегство.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1