Денеска Кремљ ја објави честитката која рускиот претседател ја упати на другите шефови на држави и челници на меѓународни организации.
Владимир Путин му порача во новогодишната честитка на претседателот на САД Барак Обама оти Москва се надева на рамноправни билатерални односи.
Путин по повод претстојната 70-та годишнина на сојузничката победа во Втората светска војна му порача на Обама оти таа не треба да биде потсетник на „одговорноста на Русија и САД за одржување на мирот и меѓународната стабилност“.
Москва се залага за унапредување на односите, но само доколку постои „рамноправност и заемно почитување“.
На листата на десетина лидери на кои Путин оваа година им испрати новогодишна честитка не е и претседателот на Украина Петро Порошенко.