Наше такси поради грчки ПАОК ќе си плати казна 6.000 евра


Женскиот македонски првак „Наше такси“ треба да плати 6.000 евра казна, зашто го напуштија теренот на натпреварот со грчкиот клуб „ПАОК“, во Струмица, на кој навивачите поставија транспарент „Македонија е грчка“.

Ова е одлуката на УЕФА во чии рамки се одржуваат квалификациските натпревари во Лигата на шампиони, објави денеска Македонски спорт.

Како што информиравме, веднаш по инцидентот, грчките навивачи пцуеле, кршеле и вееле транспарент со слоганот “Македонија е грчка” за време на натпреварот. Поради навредливото и непристојно навивање фудбалерките на Наше такси, се повлеклe од теренот. Натпреварот се прекинал за околу десетина минути, додека полицијата ги натерала грчките навивачи да ги напуштат трибините.

-Пет минути пред крајот на натпреварот го извадија транспарентот и тогаш се прекина натпреварот, нашата екипа не сакаше да игра поради нивниот однос.

Oчевидец на инцидентот додаде дека на крај имало консултации и потоа полицијата ги извадила надвор навивачите од Грција, и затоа натпревaрот се довршил.

Извор: ТВ Вис

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1