Тело на слеп патник пронајдено меѓу тркала од авион


Тело од слеп патнил е најдено денеска на аеродромот во Лондон Хитроу по слетување на авион од „Бритиш ервејс“ од Кејптаун во Јужна Африка.

– Во контакт сме со властите на јужна Африка и со управата на аеродромот во Кејптаун по откривањето на телото меѓу тркалата на авионот од типот „боинг – 747“ – соопштуваат од „Бритиш ервејс“, додавајќи дека ова е многу „ретка појава“.

За сега не се обелоденети деталите за националноста или староста на лицето чие тело е пронајдено.

– Тоа не е патник, ниту пак член на посадата, изјавил претставник на британската полиција. Оваа „смрт не се смета за сумлива“, додал тој во својата изјава наведувајќи дека ќе се спроведе соодветна истрага.

Зтружението на аеродроми на јужна Африка објавило дека едно лице во средата вечерта ја прескокнало оградата на Меѓународниот аеродром во Кејптаун.

– Управата на аеродромот веднаш реагирала, службеник на обезбедувањето се обидел да го фати човекот додека тој трчал кон авион на „Бритиш ервејс“ непосредно пред полетувањето, се вели во соопштението.

Но, „од безбедносни причини, службеникот не можеше да му пријде на авионот“, дополнува Здружението на аеродроми.

 

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1