Во несреќата на патот Високо – Какањ, загина младата пејачка од Босна, Амила Хасановиќ (21), а како што пренесуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога пејачката со својот автомобил слетала од патот и паднала во студената река Босна.
Како што пренесуваат босанските медиуми, младата пејачка со автомобил марка Поло, во понеделникот во 13 часот и 30 минути влетала во реката. Во автомобилот била сама. Сведоците велат дека сликата била страшна. Автомобилот потонал за неколку секунди.
– Ја видовме девојката како се обидува да го скрши стаклото во автомобилот и да исплива. Не можеше да се избори со реката. Ние се обидовме да влеземе во водата и да и помогнеме, но автомобилот исчезна, вели сведок.
Сведоците на трагедијата веднаш повикале полиција. Тие се сомневаат дека девојката наместо да префрли прва брзина, по грешка отишла во рикверц и така паднала.
Истрагата е во тек.