Родителите во шок: Си ги затекнавме децата како лежат онесвестени на клупите


Средоје Николиќ, татко на едно од дечињата кои се онесвестија денеска на училиште, е потресен и вели дека сите се во шок и паника по настанот во училиштето во Нови Сад.decija-bollnica-gas-deca-foto-sladjana-stojanovic-1423572471-615703ecfw4r4

– Кога влеговме во салата налетавме на ужас. Децата ни лежеа на клупите. Ги прегледуваа лекри од Итната помош. Велеа дека се омалаксани, но лекарите не им даваа да заспијат, вели таткото за српскиот Курир.

За среќа сите дечиња сега се надвор од животна опасност.

За потсетување, како што јавија српските медиуми, децата вежбале на часот по физичко кога се пожалиле дека се шири лоша миризба по што им се слошило. Набрзо изгубиле свест. Веднаш пристигнала лекарска екипа која ги однела во болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1