Барал пари од пензионерите „оти го каснало змија“


Пензионерите во Струмица се се` почесто мета на измамници, кои ги лажат за да ги „фатат“ на емоции, да им стане жал. Ќе им ги земат парите и никогаш повеќе не се враќаат.

Пензионерите што шетаат навечер во градскиот парк во Струмица, стануваат се` почесто се жалат дека секојдневно наоѓаат како некои им бараат пари, но, со лага.

Граѓанин на Струмица испратил писмо до локалната струмичка телевизија Вис, и напишал дека татко му бил таков случај, измамен од непознато момче, што го измамило претставувајќи се како „син на матична лекарка“, барајќи му пари, кои наводно ќе му ги вратела неговата мајка кога човекот ќе отиде на наредниот преглед.

Измамениот човек, истата вечер се случајно се сретнал со пријател, па откога размениле неколку збора, сфатиле дека двајцата пензионери биле излажани од истото момче.

Слично искуство имала сосетката на измамениот, која шетајќи го своето внуче го сретнала измамникот, кој успеал да и` земе 1.000 денари на подол начин. Ја излажал дека бил каснат од змија и итно му требаат пари за да купи серум од најблиската аптека.

Пензионерите што седеле денес во паркот, изјавиле дека не слушнале досега за ваков случај на измама.

Оштетениот ја известил општинската полиција за случајот, кои предупредуваат дека сите треба да бидеме повеќе внимателни, за да не бидеме жртви на вакви измами.

Ретки се овие случаеви на измама, затоа што луѓето веќе многу ретко помагаат на некој од улица. Поради сиромаштија ги има се` повеќе, а граѓаните се свесни за тоа.

Извор: Тв Вис

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1