Помошта за малата ЕВА измама или не?


Според информациите документите за операција на малата Ева во Бугарија биле Фалсификувани.

 

од скопската детска клиника и од бугарската, тврделе дека Ева треба да се оперира евентуално после една година, не сега и не итно, објави 24 вести.

Адресата и телефоните на документите што ги објави семејството на фејсбук и бараше 25000 евра за итна операција на малата Ева, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана .

Директорката на Клиниката за детски болести Маргарита Цонзарова за 24 Вести остро демантира дека болницата ги бара тие пари за лекување на 4 месечната Ева.

Таткото на Ева, Дејан Илиевски од Куманово, за медиумите кој го контактирале денеска тврдел дека се работи за недоразбирање и дека денеска ќе оди во Бугарија за да види во што е проблемот.

За случајот со евентуалната измама за собирање пари за болно дете, во постојан контакт се двете клиники во Скопје и во Софија.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1