Граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија, револтирани од последната „бомба“на СДСМ во врска со убиството на Мартин Нешковски.
Групата, која е предводена од семејството на Нешковски, успеа да го пробие кордонот и да влезе во дворот на Владата.
Дел од демонстрантите, за време на протестот фрлија јајца кон зградата на Владата извикувајќи „Ружна ви е Владата“, револтирани по денешната објавена бомба, со која СДСМ ја обвини власта за прикривање на убиството на Мартин Нешковски.