Две лица завршија на Ургентниот центар по тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 22.30 часот на Јужниот булевар.
Од полиција информираат дека во несреќата учествувале „тојота корола“ и „лада“, двете со скопски регистерски таблички, а повредени биле возачите Д.С. (48) и Д.С. (32) кои биле пренесево во Ургентниот центар каде им се контатирани телесни повреди.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.