– МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае.
Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.
Во тек е акција на МВР во Куманово и до нејзиното завршување нема да се даваат никакви информации, соопштил помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за албански „Лајм“.
Котевски додал дека во моментов нема борби меѓу меѓу полицијата и вооружени групи во било кој град или село.
– Операцијата на полицијата започна во раните утрински часови, по информации за движење на вооружените групи во тој дел на Куманово – изјавил Котевски.
Додека трае акцијата нема да може да се дадат информации за можните жртви, повредени или уапсени.
Граѓаните на Куманово велат дека пукотниците завшиле, а во градот се распоредени голем дел на полициски сили.
Истрели од рафално оружје, звук на хеликоптери ги возменирија кумановци од четири часот утрово. Најмногу се слушаат во „Дива Населба“, но и во речиси целата зона во тој дел од градот. Вработените од фирмите кои се лоцирани во западниот дел од градот биле вратени, бидејќи улиците се затворени. Граѓаните оттаму велат дека полиција има на секој чекор и дел од улиците во градот затврени се за сообраќај особено во деловите „Поток Серава“ и „Чик“.Неколку часа се слушаат пукотници, рафални стрелби. Над тој дел од градот,се уште кружи и хеликиоптер.