Премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел денеска се венча со својот повеќегодишен партнер, со што стана првиот шеф на Влада во ЕУ кој стапува во хомосексуален брак.
Како што јави ТАСС, 42-годипшниот Бетел се венча со 36-годишниот белгиски архитект Готје Дестне, со кого е во регистрирана граѓанска врска од 2010 година.
Венчавката на луксембуршкиот премиер доаѓа неколку месеци по легализацијата на хомосексуалните бракови во Луксембург.
Според телевизијата РТЛ-ТВИ, на свадбата, која се одржала зад затворени врати, присуствувале околу 500 гости, меѓу кои и белгискиот премиер Луј Мишел.
– Премиерот не сака својот приватен живот да го прикажува пред очите на јавноста и ги одби барањата на светските медиуми за следење на церемонијата, соопшти соработник на Бетел.