Полицијата во Келн соопшти дека уапсила 52 годишно лице кое е осомничено дека го убило момчето на својата ќерка.
Според наодите на обвинителството, осомничениот во понеделникот провалил во станот на својата жртва го полил со бензин и го запалил.
Експлозијата била толку голема и силна што го исфрлила 17 годишното момче, од прозорецот од станот на четврти спрат, од што и починал на лице место.
Полицијата соопштила дека осомничениот е исто така повреден од експлозијата и дека е во кома. Тој претходно му се заканувал на момчето бидејќи не бил задоволен од врската со неговата ќерка.