Life Hacks – совети за одржување и заштита на технологијата во вашиот дом


WI-FI  и лошиот прием

За да го подобрите приемот на безжичниот рутер се што треба да направите е да испиете едно пиво. Сериозно, вие ќе се оладите на овие пеколни температури, а со лименката ќе го подобрите wi-fi сигналот.

Исечете ја долната страна и измијте ја лименката. Потоа кога ќе се исуши, исечете ја лименката вертикално по целата должина, да почне да личи на собна антена.

Во дупката за пиење ставете ја антената од бежичниот уред и ќе добиете до 40% засилен сигнал.

Одржување на LCD и LED телевизори и монитори

Ако сте купиле нов телевизор или монитор, нормално е да сакате тој уште долго време да изгледа и работи како нов. Поради таа причина луѓето трошат стотици, а понекогаш и илјадници денари на средства за одржување и специјални ткаенини.

Сепак, радува фактот што ова не мора да продолжи. Сите тие специјални формули и ткаенини можат да се заменат со нешто поедноставно и поефтино. Зборувам за оние сунѓерчиња за чистење на табла за маркери. Тие со својата нежна површина ги чистат и полираат уредите, а со вграденото средство за чистење ги чистат и стерилизираат телевизорите и мониторите.

Затоа, следниот пат кога ќе купувате скапи средства и крпи, дајте им шанса на сунѓерчињата да ви ја покажат својата моќ.

Како да направите пенкало за уреди осетливи на допир од ништо

За оваа задача се што ви треба е молив, малку палома или тоалетна хартија и една обвивка од бонбони со сребрена внатрешност.

Хартијата ја мотате во топче со максимален дијаметар од 1цм и ја ставате на тапа страна на моливот, врз тоа ја ставате обвивката од бонбони, со сребрената страна свртена кон внатрешноста и сето тоа го прицврстувате. Иако не е професионално и естетски убаво, работи.

Затоа следниот пат кога се брзате, а не знаете кај ви е пенкалото, носете со себе палома, молив и бонбони.

Водата и мобилениот телефон

Летото доаѓа, а со тоа и водата ни станува и најголем сојузник против пеколните температури. Сепак, и покрај тоа што таа е најголем наш сојузник, таа е и најголем непријател на технологијата што ја користиме секој ден. Еве неколку совети, за што да направите и како да го спасите вашиот мобилен телефон доколку дојде во контакт со вода.

Прво и најосновно, откако ќе го извадите телефонот од вода, никако не смеете да го оставите вклучен. Тој мора да биде изгасен за да нема циркулација на електрична енергија во него и да се минимализира штетата на електронските делови во него.

Второ, отворете го телефонот и извадете ги деловите како батерија, мемориска и сим картичка, електронски пенкала, антени и други додатни делови на телефонот. Со тоа ја намалувате шансата за расипување на тие делови и евентуално купуванје на нови.

Ако телефонот е паднат во морска вода, измијте го со обична вода. Обичната вода ќе ги измие кристалите и солите од морската вода и ќе ја минимализира штетата. Потоа внимателно избришете го со памучна крпа и ставете го да се исцеди во сад со ориз во период од 12 до 24 часа. Оризот ќе го впие вишокот на влага и вода и ќе помогне при сушењето на телефонот.

ВНИМАНИЕ!!! Никогаш, ама никогаш, не користете фен или друг уред што емитува топлина за да го исушите телефонот. Топлината ќе го оштети телефонот многу повеќе отколку водата.

Откако сите делови ќе се исушат, внимателно склопете го телефонот и вклучете го.

Тројанците против компјутерите – темната страна на интернетот

Ако сте неискусни во сверата на технологијата и компјутерите, секој пат кога компјутерот ќе почне да кочи или да се гаси, го носите на сервис. Најчесто таму ќе слушнете две реченици, првата е, имате вирус во компјутерот, а втората е, сте закачиле тројанец. Сите знаат што се кпмпјутерски вируси па така во овој текст ќе се задржиме на тројанците. Обично кога ќе се каже зборот тројанец, тој асоцира на тројанскиот коњ од Хомеровиот еп „ Илиада“. Нормално во компјутерод освен во игри, слики, видеа и книги, не постои друг начин да се појави коњ. Сепак се работи за истиот принцип на работа. Тројанските малвери го користат прнципот на тројанскиот коњ и отаму и го добиле името. Најчесто се работи за некоја датотека, слика, песна или програма, која содржи скриен малвер(програма која му штети на корисникот или на компјутерот) која кога ќе се лансира или сними од интернет, автоматски се вклучува и го напаѓа компјутерот. Тројанците имаат најразлични задачи, од следење на заразениот уред, до крадење на податоци и уништување на уредот.

За заштита од овој се посилен малвер треба да ги направите следниве превентивни мерки.

Прво, користете добри антивирусни програми. Иако се верува дека сите нови антивируси се добри, сепак цената секогаш ќе има улога во тоа колкава заштита ќе добиете. Затоа е важно да се консултирата со експерти пред инсталација на билокаков антивирус.

Второ, бидете внимателни со отварање на прикачените документи во електронската пошта. Во 80% од спам пораките се крие малвер или тројанец.

Трето, кога се вклучувате на бесплатно или public wi-fi осигурајте се дека антивирусот, firewall-от и сличните програми за заштита се вклучени и спремни за работа. Тројанците можат да го заразат рутерот и преку него да ги заразат остатокот од уредите поврзани со него.

Четврто, осигурајте се дека програмите за четување и инстант месиџинг, како Скајп, МСН и Јаху не се подесени автоматски да се вклучуваат.

Петто, симнете програма која е специјализирана да се бори со малвери и тројанци. Во овој момент најдобра програма е Spybot -Search and Destroy.

Tags: , , , , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1