Четири деца и старец загинаа во поплавите во тетовско. Полицијата потврди дека во двор од куќа во Речица е потрупано 10-годишно дете. Свлечиштата во Шипковица однесоа уште четири животи. Според кажувањата на мештаните, три деца на возраст од 4, 5 и 13 години се затрупани од земја и камења во силните одрони, а настрадал и 80 – годишен старец, јавува Канал 5 .
Силните дождови го преполнија коритото на реката Пена, која попладнево се излеа и носеше сè пред себе. Во моментот во градот работи градежната механизација , а поплавени се голем број куќи и подрумски простории. Поради надојдените води во прекин е сообраќајот на патот Тетово- Јажинце. Свлечиште предизвика прекин и на патот Тетово – Попова шапка. Градоначалничката Теута Арифи одржа седница на кризниот штаб.