Тројца државјани на Косово се уапсени во Приштина во вторникот, по барање на американската федерална полиција FBI којашто ги сомничи за онлајн кражба на банкарски податоци.
Тројцата осомничени, на возраст меѓу 23 и 26 години, се обвинети за онлајн кражба на лични и банкарски податоци, се наведува во соопштението на косовската полиција. Од таму не изнесуваат податоци за количеството на украдените податоци.
Локалната полиција ги уапсила по информациите добиени во рамките на опeрацијaта во соработка со американското Федерално биро за истраги (FBI). Косовските полицајци извеле и три претреса и заплениле компјутери и друга информатичка опрема.