Стотици џихадисти подготвуваат напади во Европа


Стотици џихадисти, кои се вратиле од Сирија или Ирак подготвуваат напади во Европа, предупредуваат разузнавачките служби, пренесува Танјуг.

Антитерористички безбедносни извори во Шпанија наведуваат дека станува збор за џихадисти, што живеат во Европа и чиј број според проценките е околу 800 лица.djihad balkan

Тие се претходно регрутирани од групата Исламска држава или групи блиски до Ал Каеда, а сега чекаат наредба да изведат терористички напади, пренесува британскиот весник „Тајмс“.

Според проценките меѓу нив се околу 350 Британци, кои се вратиле од територии под контрола на ИД.

– Овие луѓе не се добро обучени, но се „затруени и подготвени на се“. Кога еднаш се индоктринирани, добиваат минимални тренинзи, нагласува неименуван безбедносен извор од Шпанија, за британскиот весник.

Безбедносните служби го следат нивното движење, но на некои од нив се губи секаква трага.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1