Откако руските сили почнаа со напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, над 600 припадници на терористичката организација ги напуштиле позициите и се обидуваат да стигнат во Европа, изјави претставник на рускиот Генералштаб, јави Тасс.
Ударите на руската авијација предизвикале паника меѓу терористите од ИД, додаде тој.
Во изминатите три дена руски воени авиони извршиле над 60 летови во кои уништиле над 50 објекти од инфраструктурата на Исламска држава.
– За три дена успеавме да уништиме материјално техничка база на терористите и со тоа да се намали нивниот воен потенцијал, изјави генерал полковник Андреј Картаплов, началник на Главната оперативна управа на ГШ на руската армија.