Имав куса, куртоазна средба со лидерот на опозицијата Зоран Заев што е нормално за две пријателски земји, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом во кое се појаснува средбата која ја имаше со претседателот на СДСМ.
„На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. На средбата не се разговараше за какви било безбедносни или финансиски прашања“, се вели во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан, a го објави Телма.
Заев за време на посетата на Израел изјави дека со дел од претставниците на израелските владини служби се разговарало и за случајот со продажбата на израелска опрема за прислушување и сомневањата за провизиите кои биле исплатени на македонски политичари, но според соопштението средбата бил куса и куртоазна и не станало збор за безбедносни прашања.