Во полициската акција бил приведен саудискиот принц, како и уште четворица луѓе, изјави либански висок функционер кој сакал да остане анонимен, пренесува агенцијата “AP”.
Производството на таблетите амфетамин кои се во продажба под името „каптагон“ цвета во Либан и во Сирија, од каде што се извезува на Блискиот исток, посебно во богатите заливски држави.
Канцеларијата на Обединетите нации за борба против шверцот на дрога во извештајот за 2014-та година наведе дека трговијата на амфетамин е во голем пораст на Блискиот исток, а во Саудиска Арабија, Јордан и Сирија се запленети 55% од вкупната запленета количина на амфетамин во светски рамки.