Саудиски принц уапсен во приватниот авион со два тони од омилената дрога на џихадистите на ИСИС


Обезбедувањето на аеродромот во Бејрут спречи шверц на повеќе од два тони амфетамин во таблети кои требало да бидат натоварени на приватен авион на саудиски принц, соопштија либанските власти.saudi princ

Во полициската акција бил приведен саудискиот принц, како и уште четворица луѓе, изјави либански висок функционер кој сакал да остане анонимен, пренесува агенцијата “AP”.

Производството на таблетите амфетамин кои се во продажба под името „каптагон“ цвета во Либан и во Сирија, од каде што се извезува на Блискиот исток, посебно во богатите заливски држави.

Канцеларијата на Обединетите нации за борба против шверцот на дрога во извештајот за 2014-та година наведе дека трговијата на амфетамин е во голем пораст на Блискиот исток, а во Саудиска Арабија, Јордан и Сирија се запленети 55% од вкупната запленета количина на амфетамин во светски рамки.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1