Франција прогласи вонредна состојба и ги затвори границите по терористичките напади вечерва во Париз, кои оставија над 60 мртви и се уште се во тек. Нападите почнаа неколку минути по 21 часот и беа нападнати ресторани, шопинг центар и концертна сала.
Францускиот претседател пред малку прогласи воена состојба во Франција и затворање на сите граници. Тој изјави дека знае од каде доаѓаат нападите но прецизираше за кого станува збор. Според аналитичарите кои реагираат на француските медиуми, автор на нападите е Исламската држава.
Ситуацијата во Париз е хаотична и информации доаѓаат од повеќе страни. Сите безбедносни сили се мобилизирани на повеќе места низ градот. Според информациите можеби 60 лица вечерва загинаа во повеќе напади кои вечерва се случија во Париз.
На парискиот стадиот дојде до три експлозии во кои три лица загинаа. На стадионот се играл пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија на кој присуствувал и францускиот претседател Оланд кој веднаш бил евакуиран.
На улицата Шарон во Париз и во познатата концертна сала Батаклан во која се одржуваат претстави во тек е заложничка криза, тврди полицијата. И во тек обид за упад во салата од страна на полицијата за ослободување на околу 100 заложници. Според сведоци на социјалните мрежи, непознати лица во салата ги убиваат присутните и се надеваат дека полицијата брзо ќе реагира.
Во 22.30 часот полицијата изјaви дека имало најмалку три места на кои имало пукање и експлозии а потоа од повеќе места во градот стасаа вести дека има повеќе напади во целиот град.
Полицијата засега не дава информации за бројот на жртвите ниту пак за местата каде што наводно има нови напади и им порачува на граѓаните да не ги напуштаат своите домови.