Езги Кучук (24), била примена во болница во Анкара заради менструални проблеми.
После примањето на терапијата, која ја одредиле лекарите се јавиле компликации и срцето прекинало со својата работа.
После успешната реанимација во центарот за брза помош, Езги во бесознание е префрлена на оделот за интензивна нега. 11 дена траела битката за нејзиниот живот, а кога била изгубена секоја ронка надеж, докторите презеле и направиле еден необичен и успешен обид за враќање во живот.
Докторите ја намалиле температурата на пациентката за 32 степени за да се извршат додатни испитувања, при што телото на пациентката бурно реагирало и за прв пат, после 11 дена таа ги отворила очите.
Др. Омер Зухту Јондем, ја употребил методата „тераписка хипотермија“, и истакнал дека се работи за метода во која со ладење на телото, се активираат одбранбените механизми на телото и успешно будење.
Сега после 11 дена кома и клиничка смрт, Езги е тргната од апарати и нормално реагира и комуницира со околината околу неа.
„Пресреќна сум за повторната средба со моите најблиски. Моментално се чуствувам многу добро“ изјави Езги додека се обидуваше да се прошета во градината на болницата.