Во Турција лекари со смрзнување вратија во живот пациент


Езги Кучук (24), била примена во болница во Анкара заради менструални проблеми.
После примањето на терапијата, која ја одредиле лекарите се јавиле компликации и срцето прекинало со својата работа.

После успешната реанимација во центарот за брза помош, Езги во бесознание е префрлена на оделот за интензивна нега.  11 дена траела битката за нејзиниот живот, а кога била изгубена секоја ронка надеж, докторите презеле и направиле еден необичен и успешен обид за враќање во живот.

Докторите ја намалиле температурата на пациентката за 32 степени за да се извршат додатни испитувања, при што телото на пациентката бурно реагирало и за прв пат, после 11 дена таа ги отворила очите.
Др. Омер Зухту Јондем, ја употребил методата „тераписка хипотермија“, и истакнал дека се работи за метода во која со ладење на телото, се активираат одбранбените механизми на телото и успешно будење.

Сега после 11 дена кома и клиничка смрт, Езги е тргната од апарати и нормално реагира и комуницира со околината околу неа.
„Пресреќна сум за повторната средба со моите најблиски. Моментално се чуствувам многу добро“ изјави Езги додека се обидуваше да се прошета во градината на болницата.

Share Button

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1