Pat Robertson, контраверзниот американски ТВ водител му порачал на гледач ако сака легално да ја тепа жената да стане муслиман. Ова е само уште една во низата контраверзни изјави на водителот.
Тој до сега ги напаѓаше хомосексуалците, феминистките, паганите, атеистите, заболените од Алцхајмер, родителите на посвоени деца…
Овој пат внимание им посветил на жените кои недоволно ги слушаат мажите.
Во последната емисија Клуб 700 одговарајќи на прашање од гледач по име Мајкл, кој го прашал што да прави со својата жена која не го почитува доволно како глава на семејството, водителот одговорил.
,, Можеш да станеш муслиман, и да почнеш да ја тепаш.
Бидејќи верата не дозволува развод, водителот го советувал гледачот да се пресели во Саудиска Арабија каде претепувањето на жени е дозволено. Само така ќе си ја повратиш машкоста му рекол.