На среде седница во општина центар, советник СДСМ останал без својот мобилен телефон. За шокот да биде поголем го нашол подоцна – крадецот била негова колешка и сопартијка, пренесува Нетпрес.
Советникот на кратко ја напуштил седницата за да оди во тоалет, а мобилниот Ајфон вреден околу 400 евра го оставил на масата во салата на Советот. Кога се вратил телефонот го немало, а тој ја прекинал седницата за да го најде.
Друг колега видел дека младата колешка се врткала околу неговото столче и ја посочил. Таа излегла од салата, а ограбениот тргнал по неа. Ја стасал и си го нашол телефонот. Но повикал и полицијата – советничката ја признала кражбата, пишува Нетпрес.