Казни, плата од 4 долари, живот со глувци и фекалии – како се произведува Iphone5?


Ситуацијата на интернатите е полоша и од хорор филмовите, ѓубре, фекалии и арома од угинати животни е првото нешто што ќе го привлече вашето внимание кога ќе влезете во интернатот.

Новиот ајфон 5 е можеби технолошко-научен настан на годината кој целиот свет го прати, но новинската агенција Шангај ивнинг пост, се обиде и успеа да инфилтрира свој новинар во фабриката каде што се прават ајфоните за да го проследи целиот процес на изработка.

Новинарот, кој сака да остане анонимен, во фабриката „Фоксконн“ во Кина, работел 10 дена. Првите 7 дена бил на обука, за после да го постават да работи на задниот дел на ајфоните.

Во дневникот што го водел новинарот, се откриваат некои од најбизарните услови за живот и работа во градот-фабрика „Фоксконн“. Во дневникот на новинарот се раскажува како се прави истражување на минатото и семејното стебло на секој потенцијален кандидат, како се тестира секој кандидат за менталното здравје и како се тестира секој кандидат за самоубиствени нагони.

Откако кандидатот ќе ги помине сите 3 теста , тој се качува на автобус со сите други примени кандидати и патува до интернатот на Фоксконн каде ќе живее до истекот на договорот.


Ситуацијата на интернатите е полоша и од хорор филмовите, ѓубре, фекалии и арома од угинати животни е првото нешто што ќе го привлече вашето внимание кога ќе влезете во интернатот.

Кога одговорниот за домот бил прашан зошто има решетки на прозорите, тој кратко и одречно одговорил дека Фоксконн не може да си дозволи повеќе самоубиства.

Тука новинарот го става акцентот на „ПОВЕЌЕ САМОУБИСТВА“ и објаснува,  во собите во интернатот покрај одвратната миризба има и секакво ѓубре, во собите се шетаат слободно глувци, стаорци, инсекти и змии, постелината, ако сте среќни доволно да ја добиете е уништена и валкана, а освен кревет нема никакви услови за живот.

Кога за првпат влегол во фабриката, веднаш се соочил со првиот проблем, корупција, за сума од 15 до 30 долари, пари кои се даваат на обезбедувањето на фабриката вие можете да си го одберете работното место и да имате бенифиции како одмор, храна и пауза за тоалет.

На влезот од фабриката исто така има и метални детектори, а шефот на погонот им кажал дека секој што ќе биде фатен со било каков метален предмет ќе биде отпуштен на лице-место.

Еден од работниците му раскажал на новинарот за тоа како го отпуштиле неговиот цимер само затоа што носел каиш во фабриката.

Работата на новинарот се состоела од тоа тој да работи на индустриска лента за производство на задната страна на ајфонот, каде неговата задача била маркирање на куќиштето за лепење на делови.

Според неговите проценки тој за времето поминато таму произвел околу 3000 делови за 3 дена. Работното време му почнувало на полноќ и траело до 5 часот изутрината.

Сепак, шефовите на оделите ги терале работниците да работат и до 10 часа во смена, а за екстра часовите добивале бонус од 4 долари.за време на целото работно време тој бил во една позиција и заради тоа тој се здобил со треска, висока температура и мускулна деформација.


Кога се смилувале конечно шефовите го испратиле да го види  дежурниот доктор, тој бил презафатен, бидејќи имало 1 доктор на 10000 работници.
Тој се откажал после 3 дена работа неможејќи да го издржи притисокот и болеста и апелира да се подобрат условите за живот и работа во Фоксконн.
Иако Фоксконн ги отфрли поголемиот дел од обвинувањата, ги премолче сите прашања поврзани со самоубиствата и порача дека треба целиот свет да е среќен што ќе го добие новиот Ајфон на време.

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1