Две тинејџерки (16 и 17) од Неготин, Србија, киднапирале и малтретирале 13 годишно девојче – ги испровоцирало со своите „Facebook“ коментари испратени на нивна адреса.
Ги споменала во негативен контекст, а тоа било доволна причина да ја пречекаат пред училиштето и насила да ја одведат во нивниот стан каде што почнала вистинска драма. Ја тепале неколку часа, а потоа И ја избричиле главата.
Во меѓувреме девојчето било присилено да ја каже својата facebook лозинка, а откако двете тинејџерки влегле во профилот, пишувале сешто ( се разбира во нејзино име). Откако завршила психофизичката тортура, младите „монструми“ ја зеле истрижената коса на девојката и ја спакувале во торба и ја избркале од станот.
Случајот бил веднаш пријавен в полиција, против девојките се покренати кривични пријави. При нивното приведување едната од нив поради напад на паника била хоспитализирана, другата е в полиција.