Разузнавач најден мртов во канцеларија со прострелна рана– убиство или самоубиство?


Јонче Груевски, припадник на Агенцијата за разузнавање попладнево во 15 часот се здобил со прострелна рана од која починал на лице место, јавува плус инфо.

Информација ја потврдило и МВР без конкретни детали дали се работи за убиство, односно дали некои стрелал  во починатиот или пак станува збор за несреќен случај, пишува плус инфо.

Направен е увид на местото, а телото е предадено на обдукција.

Во меѓувреме шпекулации се појавија по порталите дека разузнавачот е убиен. Порталот буре весник пишува дека од свои извори во МВР дознава дека починатиот бил во канцеларијата со двајца Албанци и е погоден право во срце. Порталот изразува сомнеж дека се направило обид случајот да се прикаже како самоубиство.

Како што информираше канал 5 полицијата врши вештачење на оружјето најдено до телото на починатиот. Груевски се вработил во агенцијата за разузнување пред 2 месеца, а претходно бил во МВР. работел во единицата Тигри, во одделението за Недозволена трговија со дрога и оружје (НТШ), како и во Алфите каде бил раководител.

Полицијата повеќе детали и официјални информации најавува за утре

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1