Невин одлежал зад решетки, а државата му нуди 1.000 динари оштета


Земјоделецот Љубиша Лазовиќ, кој поминал 222 дена во притвор под обвинение дека е наркодилер, одбил да прими оштета од државата, која му понудила само по една „црвена“ на ноќ. Тој сега им нуди по 2.000 динари на оние од министерството, за да поминат еден ден во притвор.

 

ОДЛЕЖАЛ 222 ДЕНА ВО ПРИТВОР БЕЗ ДОКАЗИ!

Земјоделецот Љубиша Лазовиќ (39) од Коштуница, кој заради недостаток од докази е ослободен од обвинението за продажба на хероин, добил од Министерството за правда непристојна понуда дека за лежење зад решетки сакале да го обесштетат со 1.000 денари, т.е. со една „црвена“ на ден!

Откако се испоставило дека Лазовиќ нема врска со трговија на наркотици, неговиот бранител, адвокатот Андрија Марковиќ поднел барање до Министерството за правда на Србија, во кое барал исплата на оштета бидејќи неосновано бил во притвор седум и половина месеци. Кога Лазовиќ добил повик со понуда од 1.000 динари оштета за секој ден во притвор, тој изреволтирано возвратил дека на службениците од министерството ќе им плати по 2.000 динара да одат во притвор за да видат како е таму!

Лазовиќ е уапсен по некоја случајност во април 2010 година во Нов Белград, наводно заради продажба на хероин. По судењето пред Високиот суд во Белград, ослободен е од обвинение заради недостаток на докази. Утврдено е дека во моментот на апсење привремено престојувал во Белград, и дека користел само стан во кој пронашле 500 грами хероин. Апелациониот суд по жалбата на тужителот ја потврдил ослободителната пресуда, поради што после 222 дена поминати во притвор, е пуштен на слобода.

Лазовиќ признава дека притворот тешко го поднел и дека по излегувањето на слобода морал да се јави на психијатар за помош.

-Во затворот беше морничаво. Делев ќелија со наркомани и убијци. Кога прв пат во животот ќе се најдете очи во очи со луѓе што целиот живот ги кршеле законите непријатно е! Имаше денови кога не можев ништо да јадам, ниту да спијам. Кога се вратив дома, луѓето почнаа да ме избегнуваат и озборуваат. Бегаа од мене како ѓавол од крст! Најтешкиот удар беше кога девојката ме напушти! Бев приморан да одам на психијатар и да побарам помош – раскажува Лазовиќ.

Тој наведува дека пред да го преживее пеколот живеел повлечено во семејна куќа во Коштуница.

-Живеам со родителите, братот и неговото семејство. Се занимавам со земјоделство и никогаш не тргував со дрога. Заглавив бидејќи се најдов на погрешно место во погрешно време! По се што ми се случи не сум расположен за излегување и дружење. Не излегувам надвор од селото, им помагам на родителите и непрекинато работам за да не размислувам за затворот. Се прашувам како некој може да се поигрува со човечките судбини и поминува неказнето – огорчено кажува Лазовиќ.

Неговиот бранител, адвокатот Андрија Марковиќ, кажува дека државата мора да ја плати оваа глупосто што ја направи.

-Понудата на државата да му плати на Лазовиќ 1.000 динари за секој ден поминат во притвор е за срамота! Еве ние им нудиме на луѓето од Министерството за правда по 2.000 динари да бидат барем еден ден во затвор и да видат како е таму. По неадекватната оштета што е понудена, поднесовме тужба против државата Србија и побаравме 10.000 динари за секој ден неоснова притвор – кажува Андрија Марковиќ, и додава дека нема да се откаже од тужбата додека не се избори за правична и фер надокнада.

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1