Денеска, околу 12 часот, на улицата Даме Груев на паркингот пред МНР вработен во министератвото како обезбедување претепал скопјанец, кој сакал своето возило да го паркира на паркингот за службени возила, објави Плусинфо.
Настанот бил потврден и од МВР.
Скопјанецот инсистирал своето приватно возило да го паркира на службениот паркинг. Бил предупреден од обезбедувањето , но не ги послушал. Откако влегол со возилото едно лице од обезбедувањето го нападнал физички скопјанецот. Интервенирала и полицијата. Лицето од обезбедувањето е во полициска станица,возачот се здобил со полесни повреди.