Како бебе мајката ја фрлила во оган – по 41 година собра сили да ја погледне во очи


Жена чија што мајка пред 41 година ја фрлила во запаливо ѓубре, неколку минути откако се породила, конечно имала можност да се соочи лице во лице со нејзината биолошка мајка и жената која што за малку ќе ја убиела.

Вудворд Девис која има наполнета 41 година, преживеала застрашувачки изгореници од трет и четврт степен, кои што биле забележани низ нејзиното цело тело.

Нејзината мајка ја родила на шеснаесетгодишна возраст. За нејзината бременост дознала многу подоцна, а успеала самата да се породи во купатилото во нејзиниот дом во Канзас Сити . ја фрлила во запалените грмушки, а бебето го спасил нејзиниот дедо.

Била посвоена и 20 години минала по болници и операции. Денеска е добро. По 40 години собра храброст да се врати во куќата каде се родила, и за малку ќе умрела, и да ја погледне во очи својата биолошка мајка.

,,Во одреден дел од твојот живот треба да се помириш со твојот изглед, за тоа како ќе изгледаш Јас веќе се помирив со мојата судбина,,.

Таа повторно се поврза со нејзината биолошка мајка и биолошки татко, кој имал само 19 години кога Ејми се родила.  Дека Ејми постои дознал дури сега, кога таа му се јавила.
Во 2006 година, Ејми за прв пат успеала да го пронајде нејзиниот татко и да зборува со него. Во мај Ејми за прв пат го посетила местото каде што за малку ќе го загубела животот.

Нејзините родители кои што во моментов се земени и се родители на две деца и го покажале домот, со исклучок на купатилото каде што Ејми била родена.


„Не сакав да се соочам со фактот дека бев родена во тоалет и никој не го свати мојот живот сериозно. Бев родена во купатило и следното нешто што ми се случило бев запалена“, вели Ејми.

За време на посетата тие размениле многу пропуштени моменти, но на прашањето што се случило дента кога Ејми се породила, нејзината мајка никогаш не одговори.

По нејзиното дипломирање таа се вработила во социјалната служба, во посвојувалиште.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1