Државната изборна комисија денеска спроведе ждребка за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Прва на листата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, ДПА под број 2, СДСМ – 4, ДУИ се трети, според редоследот од ждребувањето.
Со реден број 6 ќе биде ПДП, Коалицијата на за промени и правда ќе биде под број 5, Либерална партија 8, Левица 11, Беса 10, Алијанса за Албанците 7 и ВМРО за Македонија 9.
Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партиите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.
Во понеделник почнува изборна кампања за предвремени избори, која ќе заврши на 9 декември.