Москва со порака до САД: Не ги сакаме вашите пари одете си !


Русија ја обвини Америка дека сакаат преку финансиската помош за развој, да ја искористат Москва, со цел да влијаат на руската политика и на исходот на изборите во САД и тоа на еден ден откако во оваа земја беше затворена мисија на примање на парична помош.

Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД, има дадено повеќе од 2700000000 долари во изминатите две децении по падот на Советскиот сојуз. Портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд во вторникот пред новинарите изјави дека САД има намера пред затворањето да потроши 50 милиони долари само за оваа година. Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека Москва има сериозни прашања во врска со работењето на ваквата агенција на САД за меѓународен развој, во регионите на Русија, особено во Северен Кавказ, каде што Москва се бори со исламистичките бунтовници.

„Станува збор за обиди да се влијае врз политичките процеси, вклучувајќи ги изборите и преку различни видови на институции на граѓанското општество, со цел да се влијае на размислувањето на руските граѓани, преку распределбата на грантовите“, се вели во соопштението кое што го пренесува Ројтерс.
Во вторникот, Нуланд изјави дека додека УСАИД не ја напушти Русија, тие ќе останат посветени на поддршката на демократијата, човековите права и развојот на повеќе сектори во граѓанското општество во Русија и со нетрпение очекуваат да ја продолжат тесната соработка со руските невладини организации.

Таа додаде дека УСАИД соработувале во текот на годините со руската влада во борбата против сидата, туберколозата, помоштта на децата сираци, лицата со хендикеп, борбата против трговијата со луѓе, поддршката на руската програма во областа на животната средина и многу други работи.
„Нашата надеж се води кон тоа дека Русија еден ден сама по себе ќе ја преземе целосната одговорност да продолжи во борбата со сите проблеми кои што ја засегаат и дека еден ден сите заедно ќе бидеме гори на сработеното, нешто за кое што во иднина рускиот народ ќе има и корист“, изјави Викторија Нуланд.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1