Општина Илинден и Општина Решетари од Република Хрватска потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка и пријателство.
Општината Решетари се наоѓа во западниот дел на Бродско-посавската жупанија во непосредна близина на Нова Градишка.
Спогодбата за време на посетата на Хрватска, ја потпишаа Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и Градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага. Со неа се предвидува преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка ќе се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.
Општина Илинден и Општина Решетари, според Спогодбата, се обврзуваат да го поттикнуваат развојот на двете локални заедници со нагласена меѓусебна соработка и развивање на заемните односи.
Потпишувањето на Спогодбата се случува по двегодишни успешни контакти на двете општини на повеќе полиња.