Русите се пишманија – пак го враќаат зимското сметање на времето


Лани го укинаа, сега го враќаат – русите се пишманија. Одлуката да се укине враќање на часовникот во текот на зимскиот период не била добра и ја укинуваат.


Под изговор дека постојаната промената на времето во летно во зимскон предизвикувала “стрес и заболувања” како и нарушување на човечкиот биоритам оваа одлука бомбастично ја воведоа минатата година.

Но многу Руси се пожалиле дека неможат да се справат со мрачните утра, по што актуелниот претседалет Владимир Путин изјавил дека воведувањето на оваа мерка можеби и не била добро осмислена.

Сергеј Калашњиков кој преседава со комитетот за здравје во руската Дума предложил нацрт закон со кој би се вратило зимското сметање на времето и 11 руски временски зони, чиј број беше намален на 9 во 2010 година.

Калашњиков изразил надеж дека новиот закон ке стапи на сила на 28 октомври, односно денот кога часовникот треба да се врати за еден час наназад.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1