Жените би требало секој ден да испијат по една чашка алкохол, бидејќи тоа им ги зголемува шансите да бидат поздрави на старост – ова го тврди едно американско истражување кое опфатило 14.000 жени, а кое го пренесува попара.мк
Истражувањето покажало дека жените кои умерено пијат алкохол живеат подолго, поздраво и имаат помали шанси да заболат од рак или дијабетес, за разлика од оние кои не пијат алкохол.
Под чашка се подразбира од 5 до 15 грама било каков алкохол. Научниците на Харвард за јавно здравје препорачуваат алкохолот да се пие константно во текот на неделата и на тој начин жените да си го сочуваат здравјето на стари години.