Поради топлото време погодно за размножување на комарците кои се преносители на повеќе заразни болести меѓу кои и западнонилската треска од кои во Македонија досега се регистрирани пет заболени и еден смртен случај, одлучено е да се преземат вонредни превентивни мерки.
Ова го одлучила, на вонредна средба, Комисијата за заштита на населението од заразни болести при Министерството за здравство, пренесува Макфакс.
Веќе е извршена дезинсекција во најголем дел од општините, а поради високите температури ќе има уште едно прскање против комарци во цела држава. Министерството за здравство, ќе врши и ларвицидна и теристичка дезинсекција, кај застоени езера, мочуришта, застоени канали и сл.
Институтот за јавно здравје располага со доволен број тестови за дијагностика, а на Клиниката за инфективни болести ги има потребните лекови за третман на заболените од енцефеалит и менингоенцефалит. на сила се и препораките за користење средства против комарци, поставување мрежи на врати и прозорци.