Помислете пред да купите – Избелените фармерки сеат смрт за работниците кои ги прават



Популарноста на избелените фармерки доведе до отварање огромни фабрики во Турција и неразвиените земји. Таму нискоквалификувани работници секојдневно се изложени на ризик за минимални плати.

Од 2005 до 2009 година имало 40 смртни случаи меѓу вработените во овие фабрики а повеќе од 1000 потврдени случаи на заболени бели дробови.

Фармерките се избелуваат на два начина – или со триење на песок или со кристален силициум – работниците секојдневно вдишуваат од овие честички што е дирекна последица за заболовуњате на белите дробови.

,, имам потешкотии со дишењето, очите постојано ме печат,, изјавила за BBC 18 годишна девојка вработена во ваков погон во Бангладеш.

Во Бангладеш има повеќе од 4000 фабрики каде се избелуваат фармерките.

Работниците работат по 11 часа дневно, во загушливи хали за само 70 долари месечно.

– во 2009 по зголемениот број на смрттни случаи Турција го забрани избелувањето на фармерките, а во 2011 се согласи да им плати оштета на работниците кои сега се неспособни за работа како последица на silicosis

–  избелувањето со песок е забрането во ЕУ и САД односно е ограничено да е под 1% песок во ЕУ и под 0.5% во САД.

Се повеќе се оди на рачно избелување кое не е брзо но е похумано за вработените.

Модните брендови “H&M” и “Levis” пред 2 години одлучија да престанат со производство на избелените фармерки.

Неодамна тоа го стори и  Armani а овие компании престанаа и да нарачуваат материјал од добавувачи кои го користат овој метод на избелување.

Версаче исто така престана, но дури по жешката битка со активисти кои ја бомбардираа дури и фејсбук страната, па Версаче во еден момент беше принуден да ја избрише страницата на фејсбук. Dolce and Gabbana сеуште продаваат вакви фармерки.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1