Затвореници го тужат затворот – не им дал да користат забен конец


Затвореници во округот Вестчестер во Њујорк го тужат затворот за 500,000 долари поради неможноста да користат хигиенски конци за забите.

Единаесетмина затвореници од затворот Вестчестер во Њујорк, покренале граѓанска тужба и бараат оштета од 500,000 милиони долари поради тоа што не им било дозволено да користат хигиенски конец, поради што им се расипувале забите и им крвареле непцата, а некои од нив останале и без заби.

Надлежните од окружниот затвор се бранат, дека на затворениците не им е дозволено да користат стоматолошки конец, поради тоа што сметаат дека истиот би можеле да го искористат како оружје.

Дел од затворениците велат дека ги четкаат забите по три пати на ден, но, и понатаму во шуплините останувале остатоци од храната, со што доаѓало до страдање и крварење на непцата, по што им бил потребен стоматолошки зафат – ставање на привремени пломби со цел да се намали болката.


Од канцеларијата на заменик комесарот предложиле заробениците добијат некаков стоматолошки конец, но кој што лесно би се кинел, со цел да не можат да го искористат како оружје.

Тужбата е поднесена на 10 септември во Менхетен, а ја предводи затвореникот Сантијаго Гомез осуден за престелка. Тој вели дека биле прекршени неговите права, поради недостаток на користење на хигиенски конец.
Вели дека во други затвори истиот е дозволен и поради тоа ќе бара оштета од 500,000 милиони долари.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1