Кај Дубровник уловена една од најотровните риби на светот (Фото)


И покрај тоа што е отровна, оваа риба е вистински специјалитет во Јапонија, но, куварите мораат посебно да се едуцираат како истата да ја подготват.

Треба да знаат што може да конзумираат, а што да отсранат од рибата. Годишно од неа умираат околу 200 луѓе.
Сопружниците Мато и Јулијана Браутовиќ и нивнот пријател Инго Алберхт, се изненадиле кога во саботата вечерта ја извлекле една од најотровните риби во светот.

„Штом ја уловивме поради нејзината боја и облик се исплашивме. Не сакавме да ја допреме па ја фрливме во кантата“, изјави Мато Браутовиќ. Неговиот улов тежел 2,5 килограми, а Мато не знаел дека месото на оваа риба е отровно.

Тетродоксинот кој е 1250 пати појак од цијанидот, со еден грам може да убие дури 30 луѓе. Оваа врска на риби последен пат е видена во 90-те години на минатото столетие на подрачјето на средна Далмација.

„Поради тоа што не знаевме за кој вид на риба станува збор, ги повикавме од институтот за море и пловидба па тие ја преземаа и ја истражија целата работа. Ми соопштија дека рибата стигнала од Индискиот океан преку Суескиот канал“, изјави Браутовиќ. Овој улов ќе заврши во музеј.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1