Македонец ја тужи „Топлификација“ во Стразбур за високите сметки


Машински инженер ќе ја тужи Топлификација пред Судот за човекови права во Стразбур, пишува Дневник. 

Машинскиот инженер Стрезо Стрезовски, кој во почетокот на август покрена и иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија, кои ги усвои Регулаторната комисија за енергетика, правда ќе бара пред меѓународните институции.

– „Топлификација“ наметна начин на мерење, кој очигледно не е точен. На овој начин цената е покачена и за 300 отсто, што принуди 10 илјади граѓани, меѓу кои и јас, да се исклучат од системот, за да се спасат од високи сметки.

Со новиот правилник на регулаторна не присилуваат сите исклучени граѓани да склучуваме договори со неа, за „Топлификација“ да продолжи да не мами и ограбува, правдајќи го тоа со некакво општо добро, а тоа е кршење на европската конвенција за човекови права – вели Стрезовски за Дневник.
Стрезовски веќе ги поминал речи сите домашни инстанци, па во Стразубр се очекува тужбата протви Топлификација да се најде во средината на ноември.

Македонец ја тужи „Топлификација“ во Стразбур

Машински инженер ќе ја тужи Топлификација пред Судот за човекови права во Стразбур, пишува Дневник. 

Машинскиот инженер Стрезо Стрезовски, кој во почетокот на август покрена и иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија, кои ги усвои Регулаторната комисија за енергетика, правда ќе бара пред меѓународните институции.
– „Топлификација“ наметна начин на мерење, кој очигледно не е точен. На овој начин цената е покачена и за 300 отсто, што принуди 10 илјади граѓани, меѓу кои и јас, да се исклучат од системот, за да се спасат од високи сметки. Со новиот правилник на регулаторна не присилуваат сите исклучени граѓани да склучуваме договори со неа, за „Топлификација“ да продолжи да не мами и ограбува, правдајќи го тоа со некакво општо добро, а тоа е кршење на европската конвенција за човекови права – вели Стрезовски за Дневник.
Стрезовски веќе ги поминал речи сите домашни инстанци, па во Стразубр се очекува тужбата протви Топлификација да се најде во средината на ноември. 

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1