Дете на едногодишна возраст кое било хоспитализирано на Клиниката за детски болести, со треска и покачена температура, според лабараториските наоди е заболено од треската западен нил.
Бебето ја има полесната форма на болеста, без компликации, како менингит и енцефалит.
Од Министерството за здравство соопштија дека покрај детето, кај уште едно лице е потврдено присуство на западнонилска треска.
На Клиниката за инфективни болести се уште се наоѓа 2 ипол годишното дете, кое е во потешка здравствена состојба, додека 7-годишното дете и уште еден пациент, повозрасен маж, се пуштени на домашно лекување.
Во Македонија досега има 6 заболени, од кои двајца починаа.