На археолошки локалитет во близина на Црното Море, бугарски арехолози пронајдоа керамички сад полн со сребрени монети на кои е ликот на Александар Македонски.
Монетите датираат од третиот век пред новата ера.
Садот бил полн со вакви монети, околу 200 парчиња кои тежат 4 килограми. Раководител на истражувањето е Даниела Агре а садот бил пронајден во близина на тврдината на тракискиот велмож Кортоѕунос, која археолозите ја открија во 2006 година, а е во близина на селото Sinemorets.
Монетите се прилично добро сочувани и се претпоставува дека потекнуваат од вториот век пред Исус Христос, не се знае нивната вредност, но се претпоставува дека се работи за непроценливо богатство.
Археолозите велат дека не ја исклучуваат можноста да најдат и други садови полни монети.
,, само што започнавме со копањето го пронајдовме овој сад, сега работиме понатаму, не е исклучена можноста да постојат уште закопани садови,, вели Агре.
Според професор Агре монетите најверојатно му припаѓаат на генералот и наследникот на Александар, Lysimachus