Оваа болест е смртоносна и убива од 22 до 44 проценти од оние кои што се заразени со истата. Салмонела во остатокот од светот предизвикува акутна дијареа, која е фатална за помалку од еден процент од случаите.
Нетифусна салмонела, болест која во последно време е се почеста во Африка.
Истражувачите сметаат дека смртоносната бактерија се развила со помош на генетска мутација а може да се пренесе и преку вирусот ХИВ, кој го ослабнува организмот и со само тоа го изложува телото на инфекции.
Овој тип на бактерии се развивале пред 52 години, а најмногу го има погодено Африканскиот континент.
Оваа болест е смртоносна и убива од 22 до 44 проценти од оние кои што се заразени со истата. Салмонела во остатокот од светот предизвикува акутна дијареа, која е фатална за помалку од еден процент од случаите. Инфекцијата може да се случи како резултат на лоша храна, но добар знак е тоа што не може да се пренесе од човек на човек.
Лекарите предупредуваат. Време е да се остават лошите навики!
„Генетски се повеќе еволуира во тифус бактерија, која се шири низ човековото тело“, вели Чинуири Окоро, од Велкоме Траст Сангер Институтот од Велика Британија, еден од авторите на студијата.
Новата студија вели дека ИНТС се шири преку ХИВ, но и преку анемија, маларија и недоволна нахранетост на децата. Болести кои го ослабуваат имунолошкиот систем и го прават телото повеќе ранливо на разни инфекции и воспаленија.
Главното прашање кое што во моментов ги мачи експертите е тоа дали ваквите бактерии напредуваат бидејќи се отпорни на големиот број на антибиотици или пак поради тоа што имаат способност да се прилагодат, па еволуирале во нов човечки патоген.