Објавила статус ,, има некој во куќата, викнете полиција,, и исчезнала (Фото)


Исчезнувањето на Кара Алонги загрижи многу корисници на социјалните мрежи. Веста за нејзиното исчезнување се проширила како вирус и во полицијата се јавиле да пријават 6000 граѓани.

 Тинејџерката Кара Алонги од Њујорк во неделата на својот твитер профил објавила пост во кој напишала ,, има некој во мојот дом, викнете 911 (полиција)’.

По објавувањето на постот веста се раширила. Постот предизвикал вистинска паника, а од локалната полиција информираат дека до 14 часот примиле 6.000 повици од загрижени гражани, пренесува CNN.

На крајот излегло дека Кара сама си го исценирала сопственото киднапирање. Снимена е од безбедносните камери на железничката станица. На снимката  се гледа дека 16 годишната девојка има ранец и голема торба со себе.

Уште еднаш сме сведоци на новите трендови кои ги наметнуваат социјалните мрежи. Исчезнувањето на Кара полицијата во нормални околности би го третирала како обично исчезнување на тинејџерка, но поради големиот притисок од загрижените граѓани морале и побрзо и поопсежно да реагираат и да ја активираат потрагата со сите капацитети кои ги имаат, барајќи киднапер.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1