Макфест се одлага – го бојкотирале Канал 5 и Сител – се враќа на МТВ


Причина за поместувањето на фестивалот е што телевизиите Канал-5 и Сител ги бојкотираат македонските пејачи.

Не сакаат пренос во кој се инволвирани тие, изјави за ТВ Ирис Драган Ристов.

Со тоа фестивалот се враќа на МРТВ, каде што ќе биде вршен директниот пренос. Сите овие информации ќе бидат презентирани на прес конференцијата во Скопје, вели Ристов.

Што се однесува до содржинскиот дел, повторно ќе има дебитанти и популарни пејачи кои ќе се натпреваруваат во двете вечери. Од учесниците би ги издвоиле Александар Белов, кој ќе настапува со Милица Мајсторовиќ, учесничка во шоуто „Операција Триумф“, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, а ќе има и претставници од екс-ју просторите.

Новина е и тоа што ќе пејат на сопствен мајчин јазик, со што, на некој начин фестивалот се интернационализира.

Иако првично требаше да се одржи на 11, 12, 13 октомври, сега е презакажан за  26, 27 и 28 октомври.

Ова е редоследот на изведувачите на двете полуфинални вечери:

I ПОЛУФИНАЛНА
1    Антонио Тасевски
2    Давид Гром
3    Line Out
4    Самит Исаку
5    Сара Марковска
6    Амајлија бенд
7    Швалери
8    Victory
9    Емил Арсов
10    Мартин Мила
11    Христијан Тодоровски -Кико
12    ПМ
13    Александар Белов и Милица Мајсторовиќ
14    Соња Кочиќ
15    Фани Христова и Игор Митровиќ
16    Ивана Миланова и Били Звер
17    Томас
18    Ангелина Стојановска
19    Наталија Славева

II ПОЛУФИНАЛНА
1    Александар Зораниќ
2    Тодор Стефанов
3    Елена Миленковска
4    Јасмин Алиевски
5    Иван Раденов
6    Евгенија Вржовска
7    Симона Жарки
8    Кирил Додевски
9    Синап
10    Денис Мурат
11    Лејла Хот
12    Емилија Гиевска и Филип Јордановски
13    Влатко Илиевски
14    Верица Пандиловска
15    Лена
16    Биба Додева
17    Тамара Тодевска
18    Александра Пилева
19    Лана Јурчевиќ

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1