Надмудрете ги хакерите – направете лозинка од 20 знаци и чувајте ја во програм кои ги чува сите пасворди


За хакерот да се ,,докопа,, до вашите лозинки потребен му е алгоритам за дешифрирање кои работи да речеме 1000 споредувања во минута, на хакерот ќе му требаат 2 до 3 часа да разбие едноставна лозинка од 5 букви пример “fpqzy”. Што поголем број на букви и знаци во лозинката толку повеќе време ќе му треба – пример ако ви е со 20 букви и знаци ќе му треба вечност, пишува Guardian.

Кога хакерите ви влегуваат во базата на податоци лозинките се обично шифрирани. На пример ако ви е лозинката ‘hello’, таа во базата е снимена како “$1$r6T8SUB9$Qxe41FJyF/3gkPIuvKOQ90”. За да ја разбие оваа шифра хакерот мора да користи алгоритам за дешифрирање додека не најде кој низ одговара на шифрираната лозинка.

Затоа е важно вашата лозинка да е што подолга. Имено алгоритамот на хакерот кои работи 1000 споредувања во минута, ќе му требаат 2 до 3 часа да разбие едноставна лозинка од 5 букви пример “fpqzy”.

Што поголем број на букви и знаци во лозинката толку повеќе време ќе му треба – пример ако ви е со 20 букви и знаци ќе му треба вечност, пишува Guardian.

како да запомните 20 знакови?

Тука е и проблемот на предвидливоста. Најчесто се користи името, презимето, името на миленичето, се менува буквата ,,о,, со бројот 0 и слично. Затоа најдобра е онаа лозинка каде буквите и бројките немаат некое значење. Е тука се јавува проблем, бидејќи тогаш ни вие не ќе можете да ја запаметите.

Лозинката може да ја запишете на хартија – против што се сите експерти за сигурност) или пак можете да си го симнете програмот кој ќе ви го олесни животот. Тоа е програмот LastPass Password Manager, кои ги чува сите ваши лозинки за сите сајтови кои ги посетувате (Facebook, форуми, меил…). и овој програм откако ќе си го инсталирате на компјутерот ќе може да го отворите само со лозинка – но полесно е да се памети една отколку 10.

Со овој програм никогаш повеќе нема да ја загубите лозинката.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1