Македонија платила 1,5 милиони евра за пресудите на Стразбур


Во 2010 година за Македонија се воделе 42 предмети, во 2011 нивниот број паднал на 35, во текот на ланската година биле затворени 11 предмети како целосно извршени, а на почетокот од годинава на спроведување чекале вкупно 107 предмети.

најмногу ја тужат Македонија во Стразбур за повреди на правото за правично судење, претежно на судењето во разумен рок. Во 2011 година 65 проценти од предметите се однесувале на тоа, а 16 насто на правото на фер судење.

Европскиот суд донел шест пресуди, а иницирал постапки за разрешување на предмети со спогодба меѓу државата и жалителите со сума за обештетување од 850 до 4.480 евра по жалител, кои успешно завршиле во 55 случаи, пренесува Дојче Веле.
За пресудите на Европскиот суд за човекови права, Македонија во 2010 година платила 215.975 евра, а во 2011 година 165.084 евра.

За споредба од соседите, Србија платила 139.000 евра во 2010, година но таа е понова членка во Советот на Европа, Албанија во 2010 година платила само 95.820 евра, но во 2011 скоро два милиони евра, Бугарија за две години платија скоро исто така два милиони евра, а Грција околу 10 милиони евра.

Имено од 2002 до денес Македонија платила приближно околи 1,5 милион евра по овој основ.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1